Девојката од Кина ќе се изложи на десетина пластични операции како би личела на актерката Џесика Алба, и со тоа да го освои својот поранешен дечко.Девојката која на агенцијата Ројтерс се претставила само како Шијаокинг (21) била потполно скршена кога раскинала со својот дечко после 18 месеци во врска. Причина поради нивното раскинување била неговата опсесија со холивудската убавица Џесика Алба.
"Не можев веќе да ја поднесам неговата љубов спрема Џесика, нејзините слики насекаде по станот... Ми велеше дека по малку потсетувам на неа, и ми купуваше перики за да личам што повеќе на неа. Пријателите ме тешеа, и во шала ми предложија да се "претворам" во Џесика Алба" - рекла Шијаокинг.
Таа операциите ќе ги изврши во специјализираната болница во Шангај, каде веќе разговарала со лекарите.
"Ќе и бидат потребни многу операции, најмногу околу очите и носот. " - рекол директорот на болницата Чијанг Шанг.
Шијаокинг поради големиот публицитет, операциите ќе ги добие бесплатно, за да болницата ги изрекламира своите услуги.