Новата задача на станарите беше "speed dating", односно заведување на брзинка.
Големиот Брат ги извести станарите дека во исповедалницата ќе имаат состанок со паровите, кои ќе траат по пет минути, а паровите биле одбрани врз основ на нивниот хороскоп и пресметките на астролог.
Највесел од оваа задача беше Радашин кој "фрли окце" на сите станарки, додека на Мануел му беше најнепријатно откако дозна дека неговата "судена" партнерка е Драгица.
Карло успешно ја заведе Јована, па успеа и да и даде "блиц" бакнеж, а Мануел забушаваше од страв Драгица да не го нападне.
Кристина најлесно се снајде во новата задача, и иако партнер и беше Арсо, а не Мануел, и тие заврпија со "размена на телесни течности".

























