|
Автор Administrator
|
|
Monday, 19 May 2008 |
|
Доколку имте видео клип на вашиот компјутер тоа можете да го сторите на 3 начини: 1. Да закачите видео клип кој го имате на вашиот компјутер; 2. Да закачите видео клип од YouTube популарниот сајт за видео клипови и 3. Да закачите видео клип од Google Videos.
Изберете Видео од менито. Откако ќе ви се отвори страницата изберете Закачи од подменито. Во делот Upload Method избирате начин на кој сакате видеото да биде закачено, според тоа каде се наоѓа видеото што сакате да го закачите, и одите Continue. Доколку закачувате видео клип од вашиот компјутер потребно е да ги поплните полињата со Наслов, Објаснување и сл.. Одите на последниот чекор, го наоѓате видеото каде се наоѓа на вашиот компјутер (треба да е максимум до 10 мегабајти), и избирате Upload. Вашето видео по закачувањето, откако ќе биде одобрено од страна на нашите модератори, ќе можете да го видите на сајтот.
*Совет: Доколку имате проблеми со закачувањето, Ви препорачуваме истото видео да го закачите на YouTube и од таму да го закачите на нашиот сајт.
Доколку закачувате видео од YouTube или Google, потребно е да го најдете видеото и да го ископирате кодот (Embed Code) кој ќе го најдете на десната страна од видеото на соодветниот сајт, и да го налепите во делот за кодот, да изберете категорија и да кликнете Add. Откако ова ќе го сторите видеото автоматски би требало да се појави на сајтот.
Доколку имате некакви проблеми, слободно можете да не контактирате на
Оваа адреса е заштитена од роботот. Потребна ви е Јава-скрипта за да би је виделе.
|