Почетна arrow Забавно arrow Претепана девојка во Колосеум
Уживам кога позирам гола!Уживам кога позирам гола!
Tuesday, 06 January 2009 
Кармен Електра тврди дека разголеното позирање пред објект...
Повеќе...
Утепа ли се бато? (видео)Утепа ли се бато? (видео)
Sunday, 04 January 2009 
Свака част на факт какви дечки каскадери имамо по овој наше ...
Повеќе...
Мојот задник освојува Оскари! Мојот задник освојува Оскари!
Sunday, 04 January 2009 
28-годишната Ева Мендес утврди дека нејзиниот задник му доне...
Повеќе...
Божиќно издание на Лојд (фото) Божиќно издание на Лојд (фото)
Saturday, 03 January 2009 
25 годишната британска екс мисица (2006) Даниел Лојд, која карие...
Повеќе...
Претепана девојка во Колосеум
Автор Flippy   
Tuesday, 18 November 2008
Претепана девојка во КолосеумДевојката случајот го пријавила во полиција и тврди дека била претепана кога влегла да си ја земе јакната, а од Колосеум тврдат дека била под дејство на алкохол и дека таа го нападнала обезбедувањето.
Во петокот, околу 4 часот утрото, вработен во скопската дискотека Колосеум претепал 21-годишна девојка која се здобила со видливи повреди по целото тело.
Неа, како што вчера ни изјави девојката, ја претепал извесен Елвир вработен во внатрешното обезбедување на дискотеката.
Од Колосеум, пак, тврдат оти девојката го нападнала момчето од обезбедувањето, кое морало да се брани по што таа паднала и се повредила.
Претепаната скопјанка вели дека била нападната во моментот кога тргнала да си ги земе виндјакните кои биле во една од канцелариите на дискотеката.
-Тогаш Елвир се појави на подиумот каде што игравме и почна некултурно да вика: "Излегувајте". Му реков дека ќе одам да си ја земам јакната и заедно со другарките ќе си одиме. Тоа нему не му се допадна - раскажува девојката.
Елвир почнал да вика и во еден момент и удрил шлаканица. "Се обидов да му вратам. Но, тој ме бутна на подот. Ми се сврте во главата. Станав и пак сакав да му вратам. Во тој момент, тој ме фати за нога и јас повторно се најдов долу. Почна да ме клоца. Притрча и останатото обезбедување од дискотеката, но никој не се обиде да ми помогне. По бруталното тепање Елвир како да пропадна во земја. Ми се лошеше и ми се вртеше во главата. Веднаш со другарките заминав во полиција каде што го пријавив случајот и побарав лекарска помош. При прегледот ми беа констатирани видливи повреди по телото".
Таа е револтирана што никој досега од Колосеум не и се јавил да ја праша како е. "Обезбедувањето е тука за да ми гарантира безбедност, а не да ме тепа. Со ова само се руши реномето на најелитната дискотека во градот", вели револтираната скопјанка.
Од Колосеум велат дека се започнало кога девојката заедно со шест другарки се обидела да влезе во просторијата каде што се одморале диџеите. Кога таа била спречена во намерата, револтирана и под дејство на алкохол се нафрлила врз обезбедувањето. "Неколкупати го удри по тестисите. При следниот напад момчето за да се одбрани направи блок. Девојката се затетерави и падна.
Навистина сме разочарани од нејзиното однесување . Таа секогаш беше третирана како ВИП гостин, ја изигра нашата доверба", велат од Колосеум.

Извор: Вест

 

Додади коментар

Не можете да оставате коментари. Потребно е да се регистрирате.

< Претходно   Следно >
 
    Галерија

Night Life

 Хумор

 Матуранти
     Забава и Разонода

Хороскоп

 Клипови

 Игри

  Техно..

Музика

Мистерија
 

Кој е Online

Моментално има 4 гости онлајн

ТВ Програма

Supported by

Инфинити Плус Компјутери
Радио Браво